Маж загина во Катланово, паднал во отворена и необележана шахта

Маж на возраст од 68 години почина утринава откако си го скршил вратот при пад во необележана ископана шахта за одвод, информираа од МВР.

„На 21.04.2013 год. околу 10 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во Катланово има паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пешки, А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал, информираат од МВР.

Од лекар од итна помош констатирана е смрт.

Претходна вестЛесно изградија 1.300 километри патишта, ама 7-те километри кај Катланово тешко им одат
Следна вест11 куршуми биле потребни за да го соборат Јане Сандански – македонскиот херој против кого биле султан, кнез, крал, предавници…