Mаж загина во сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Градско – Прилеп, информира полицијата.

МВР соопшти дека дваесет и деветгодишен прилепчанец го загубил животот во оваа незгода. Според информациите, А.М.(29) им подлегнал на повредите во прилепската градска болница каде бил пренесен по сообраќајната несреќа која се случила нешто пред 18 часот.

Во неа учествувале патничко возило „Ауди“, со кое управувало починатото лице и товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 38-годишниот З.Б. од Куманово.

-По наредба на јавен обвинител , телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп,информираат од МВР.

Претходна вестТошковски: Управниот суд поништи три незаконски одлуки на Владата
Следна вестЦУК: Шест пожари на отворено во последното деноноќие, 1.953 повици на 112