Маж заврши во болница, со трактор излетал од патот

Вчера во 08.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на с.Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од с.Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

Претходна вестНа „Богородица“ уапсено лице од Египет, носело фалсификувана возачка дозвола
Следна вестДеца тепале малолетно девојче со кое претходно седеле на иста маса во Охрид