Меџити: Веќе се враќа правната држава и довербата во институциите

Владата го направи своето и веќе се враќа правната држава и довербата во институциите, порача денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

-Пораката од Владата е дека никој не е над законот и секој што згрешил треба да одговара.

Останува на МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со случајот Груби и со другите, рече Меџити во одговор на новинарско прашање по денешното потпишување Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-проценен електричен кар-шеринг, во просториите на Владата.

Претходна вестЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи