Меѓународниот суд не му нареди на Израел да ја прекине својата офанзива во Газа, туку побара од него да стори сé што е во негова моќ за да спречи акти на геноцид. Меѓународниот суд на правдата (МСП) пресуди дека има јурисдикција да ги сослуша аргументите на обвинителството за геноцид и го отфрли барањето на Израел да го отфрли случајот. На Израел му е наредено да ги преземе сите мерки во негова моќ за да спречи геноцид, пренесува „Би-Би-Си“.
На сослушувањето пред Меѓународниот суд на правдата, познат и како Светски суд, Јужна Африка побара итно запирање на израелската воздушна и копнена офанзива врз палестинската енклава, чија цел е „депопулација“ на Газа.
– Судот смета дека катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа е во сериозен ризик од дополнително влошување пред судот да ја донесе својата конечна пресуда, рече судијката Џоан Доногју.
Со 16 гласа „за“ и еден „против“, судот одлучи дека Израел мора да ги преземе сите мерки во рамките на своите овластувања за да ги спречи и казни оние кои се вклучени во поттикнувањето геноцид.