Хаос во САД: Тексас распореди тенкови, прати порака и до Бајден

Што се случува во светската сила САД? Се уште постојат стравувањата од внатрешен конфликт меѓу федералните единици и државните одреди на Тексас.

Сета ова голема тензија во најдемократската земја во светот дојде по одлуката на американскиот Врховен суд за отстранување на жичената ограда меѓу Тексас и Мексико која ја постави Гувернерот на најголемата сојузна држава во САД.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот му се закани на американскиот претседател Бајден дека ако донесе војници на границата ќе се соочи со сила. Националната гарда на Тексас ја игнорира одлуката на судот и продолжи со поставување на оградата. Дури гувернерот на Тексас одобри распоредување тенкови на јужната граница со Мексико.

Инаку, во понеделникот, американскиот Врховен суд издаде привремена наредба со која им дозволува на агентите на Федералната гранична патрола да ги отстранат физичките гранични бариери поставени од Тексас. Но, Абот тврди дека Тексас има уставно овластување да ги заштити своите граници, поради неуспехот на федералната влада да се справи со протокот на илегални имигранти во Соединетите држави.

Синдикатот на граничната патрола објави дека нејзините федерални агенти нема да апсат членови на Националната гарда на Тексас. Агентите на граничната патрола ги ценат и почитуваат постапките на Тексас, се вели во соопштението.

Тексас доби поддршка од многу други сојузни држави на САД.

Претходна вестОпштина Аеродром и „Комунална хигиена“ во вербална војна: Се чистат ли улиците и контејнерите?
Следна вестТалентот помага, но неопходна е макотрпна работа за да освоиш медали за знаење