Честитка од Вучиќ за победата на Гордана Силјановска Давкова

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

-И честитам на Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија со желба таа успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел напредок и благосостојба на нашиот народ, како и просперитетот на целиот регион, напиша Вучиќ на платформата Х, претходно позната како Твитер.

Во текот на вечерта, победата ја честиташе и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, нагласувајќи дека очекува соработка со ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска на патот кон ЕУ.

Претходна вестПо поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка
Следна вестСтоилковска испушти победа против третата носителка во Србија