Стоилковска испушти победа против третата носителка во Србија

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска е елиминирана во првото коло на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска бања, откако по голема борба загуби од третата носителка Пемра Озген со 2-1.

Мечот траеше два часа и 24 минути, а во него Стоилковска пружи голем отпор на фаворитката и за жал на крајот загуби. Првиот сет Озген го доби со 6-3, меѓутоа на тоа Македонката одговори со фуриозни 6-0 за израмнување. И одлучувачкиот сет Стоилковска го отвори добро, водеше со 4-0 и 5-1, меѓутоа се опушти и турската тенисерка се избори за тај-брејк кој го доби со 3-7.

Утеха за Магдалена Стоилковска може да биде победата во двојки со Екатерина Козлонова од Русија над Соња Касани и Ана Гиралди Рекуена со 2-0 (7-5, 6-3), па ќе го продолжи настапот на турнирот во Куршумлијска бања.

На машкиот дел од турнирот утре во второто коло настап ќе има Горазд Србљак, кој за противник го има Бранко Ѓуриќ од Србија.

Претходна вестЧеститка од Вучиќ за победата на Гордана Силјановска Давкова
Следна вестБитиќи и Костадинов поднесоа оставки од потпретседателските функции во СДСМ