Мицкоцки: Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари

Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари, објави на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.

Во изминатиот период заедно со Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски имав интензивни средби со тутунарите и откупувачите на тутун.

Од денес откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, со што тутунарите ќе ја добијат вкупната сума кои ја бараа. Дополнително Владата ќе ја зголеми и субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм, што значи дека заедно со откупната цена и субвенциите секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун.

Пресметките говорат дека само оваа година над 140 милиони евра ќе завршат во рацете на тутунарите.

На овој начин директно помагаме на земјоделците кои се р’бетот на нашата земја и кои со мака и труд заработуваат за пристоен живот.

Продолжуваме 100% посветени, пишува Мицкоски во својата објава.

Претходна вестМакедонија мундијалските квалификации ќе ги започне во Лихтенштајн, ќе ги заврши во Велс
Следна вестУапсен малолетник, полицијата го фати при тешка кражба