Мицкоски: Ако има расположение во ЕУ да ни го подотворат европскиот пат, ќе има и начин

Ако има расположение ќе има и начин Евопската унија да ни го отвори европскиот пат, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Во интервјуото за државната агенција МИА тој одговори на прашањето дали има расположение во Европската унија за „да ни ја подотвори малку вратата“ на нашиот европски пат. Мицкоски повтори дека има начин, доколку навистина сакаат да не видат внатре.

-Доколку има расположение во Евопската унија да ни го подотворат европскиот пат, има и начин, тоа е позната изрека која што ја кажале многу поискусни политичари од мене и доколку навистина сакаат како што тоа го кажуваат да не’ видат внатре, тогаш има начин, изјави Мицкоски.

Во однос на реакциите од бугарското МНР дека државата се оддалечува од евроинтеграциите со изјавата за репреговарање на Францускиот предлог, Мицкоски предупредува дека тие ќе се обидат да не’ внесат во предизборната реторика и да предизвикаат реакција од наша страна за ние да бидеме лошите.

-Знаете, после многу перипетии таму се закажани седмите по ред избори во последните три години на 29 октомври чинам дека беа и тамошните политичари ќе сторат се’ за да не’ внесат во нивната предизборна реторика и на тој начин да предизвикаат реакција од наша страна со која што ќе се обидат да не’ портретираат кај нашите пријатели во меѓународната заедница дека ние сме тие палавите, дека ние сме тие лошите, дека тие се добрите и дека на тој начин практично ние создаваме кавга, немир итн, појасни Мицкоски.

Тој додаде дека во периодот што следи државата ќе се соочи со два крупни предизвици – обид на внатрешни структури за создавање нестабилност и обид од нашиот источен сосед да не’ внесат во предизборната реторика.

Претходна вестМалолетник во Кавадарци повреден, врз него паднал метален предмет од рингишпилот
Следна вестДржавна инспекција ќе ја „тресе“ КФМ по обвинувањата на селекторот Андреевски за скандалозен третман на златните јуниори