Мицкоски: Ако некој доаѓа овде да разговара само за уставни измени, тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се почувствува навреден ако тројцата дипломати – шефовите на дипломатиите на Австрија, Словачка и Чешка, кои денеска се во посета на земјава, дошле за да разговараат само за уставните измени.

– Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин на Македонија, бидејќи на сите анкети граѓаните во Македонија, уставните измени не ги ставаат ниту во првите десет приоритети, изјави денеска Мицкоски.

Тој нагласи дека дипломатска офанзива и разговори на тема уставни имзени имаат цела година. Вели дека доколку го почитуваат овој народ и сакаат европска идина на Македонија, тогаш ќе посветат повеќе внимание на криминалот и корупцијата, отсуството на реформи, катастрофата во образовниот систем, во здравството, лошата состојба на земјоделците, иселувањето на младите итн.

Мицкоски порача дека е подготвен да разговара со секого за да подобрување на состојбите во државата.

Претходна вестСе повеќе граѓани имаат проблеми со дебелината: Отворен Центар за справување и третман со обезноста
Следна вестПрегазени две деца додека возеле тротинет во Чаир