Мицкоски: Ако предлогот е да нѐ асимилираат и бидеме Бугари, тогаш така не сакам влез во ЕУ

Ако францускиот предлог е да не асимилираат и бидеме Бугари, тогаш така не сакам влез во Европската Унија, истакна синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју” на Канал 5 телевизија говорејќи за предлогот на Франција.

Тој рече дека доколку е предлогот таков, тогаш за него нема што да се разговара.

– Нема што да се разговара ако е таков предлогот, какво прифаќање. Врз основа на тоа што го читаме и добивме како информација, ако е така тогаш е шокантно, негативно и лошо. За тоа зборував цело време, дека се предвидува да сите барања на Бугарија бидат дел од преговарачката рамка. Ова е нокаут за македонската дипломатија. Како да зборувам за Европа сега денеска, кога ние денеска сме уценувани да прифатиме ако е ова точно, ќе треба да прифатиме да се асимилираме и бугаризимираме односно да ги асимилираме нашите предци, нашите дедовци, нашите баби ако сакаме да бидеме дел од ЕУ или тоа за нас преставува невозможна мисија, потенцира Мицкоски.

Тој додаде ако резолуцијата од Собранието е бела, тогаш предлогот е црн, нема сиво ништо тука. Ова сега што е како информација, ако е точна тоа е катастрофа. Ова ќе биде дипломатски нокаут.

-Ако е ова предлогот таква иднина јас не сакам. Не сакам да ме асимилираат ниту мене, ниту моите два сина, нагласи Мицкоски.

Претходна вестОд 17 часот се затвора сообраќајницата пред Владата
Следна вестСДСМ: Ниту еден збор поврзан со спорот со Бугарија од устата на Мицкоски нема значење