Во периодот што следи ќе има кадровски промени во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Според Мицкоски, актулниот состав на зедничката историска комисија од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси. Негира дека промените имаат политичка позадина.
-Лично ако мене ме прашувате, мислам дека актуелната мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ. Инаку, да – логично е кога имате нова влада да има и промени во одредени институции, не гледам тука зошто би имало политика. Нормално е дека нова влада, нови луѓе коишто управуваат со новата влада, да има и кадровски промени. Не гледам тука што е страшно, изјави Мицкоски, која беше на манифестацијата по повод роденденот на Мајка Тереза.
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу С Македонија и Бугарија беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство потпишан на 1 август 2017 година.
Во состав на комисијата се историчари и професори од двете земји. Македонскиот тим го предводи академик д-р Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и професор на Институтот за национална историја (ИНИ) на УКИМ.