– Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник Антонијо Милошоски седеа на иста маса, во друштво со М.А. од Грчец фатен со 32 килограми дрога, пишува во денешното соопштение владејачката СДСМ.
Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин.
Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога.
Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.
Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?, велат од СДСМ.