Мицкоски го поднесе законот за реорганизација на министерствата, ги повика сите 120 пратеници да ги изгласаат измените

Законските измени со кои треба да се изврши реорганизација на повеќе министерства поднесе денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како актуелен пратеник. Тој истовремено ги повика сите пратеници да го поддржат предлогот за измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа кои во собраниска процедура ќе влезат по скратена постапка. За изгласување е потребно двотретинско мнозинство од 80 пратеници и по штои треба да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови. Се очекува изгласувањето да се случи уште во понеделник или вторник.

Седницата за измените на Законот, според собраниски извори, треба да се одржи во петок на 7 јуни, а потоа работата да се пресели во собраниските комисии. Мицкоски ги повика сите 120 пратеници да ги изгласаат измените.

-Поднесувам предлог на Закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Ја барам поддршката на сите пратеници, без разлика на партиите. А легитимитетот го темелам врз основа на изборните резултати на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Сиљановска-Давкова. Легитимитетот е јасен, кредибилитетот и легалитетот исто. Ова беше изборно ветување, идентично на она дека идната Влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави со опозициските партии, а денес се дел од владиното мнозинство, рече денеска Мицкоски.

Тој додаде дека не треба да се живее во стереотипи и дека тие се минато.

-Сите имаме заедничка цел – како да направиме подобро место за живеење на нашите граѓани. Кредибилитетот и легитимитетот ни го дадоа граѓаните на изборите, а тоа се реформите во сите аспекти, рече Мицкоски.

Со измените ќе се формира министерство за економија и труд, министерство за социјална политика, демографија и млади, министерство за спорт, министерство за рударство и енергетика, министерство за култура и туризам, министерство за дигитализација и министерство за администрација.

Претходна вестТешка сообраќајка во Битола: Загина возач, жена повредена
Следна вестВикендов во Вишни и во Охрид МПЦ-ОА ќе ги канонизира светите Спаса и Спасе Вишенски