Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски заминаа во Америка. Во пресрет на Самитот на НАТО, одбележување на 75 годишнината од формирање на Алијансата, веќе во понеделник се очекуваат и првите активнoсти на македонската делегација.
-Македонската делегацијата ќе учествува на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно – атлантскиот совет, каде што Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми. Мицкоски ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа организирана за лидерите и нивните сопружници, изјавувата од Владата.
Очекувањата се дека на самитот ќе се случи и средба на македонскиот премиер Мицкоски со неговиот грчки колега Мицотакис. Тоа ќе биде прва средба откако Грција остро се спротивстави на изјавите со користењето на името Македонија, без додавката „северна“.
Мицотакис најави дека Мицкоски ќе се најде во многу непријатна позиција во рамките на Самитот на НАТО доколку опстојува на оваа реторика.
Директорот за Европа и НАТО во Пентагон, Бјуланд, пак, порача билатералните односи да останат надвор од НАТО, а САД ќе продолжат силно да го поддржуваат Договорот од Преспа.
Самитот во Вашингтон почнува во вторник, а во фокусот ќе биде прашањето за помош на Украина и нејзиното влегување во НАТО.