Мицкоски на Самитот на НАТО оди со тројца министри

Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО што ќе се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон. Во делегацијата, според информациите од Владата, ќе биде и неговиот шеф на кабинетот, Владимир Неловски, како и тројца министри.

Во Вашингтон со Мицкоски ќе патуваат и министрите за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи, Тимчо Муцунски, Владо Мисајловски и Панче Тошковски.

Составот на делегацијата, како што велат од Владата, бил договорен претходно, а подготовките за учеството на македонска делегација на самитот почнале уште во февруари-март, во времето на претходната власт.

На самитот на кој ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на НАТО ќе се дискутира за сите предизвици со кои се соочува Алијансата, а македонската делегација ја очекуваат и тешки разговори за забелешките и критиките од соседите за непочитување на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, откако и Атина и Софија најавија дека тие прашања ќе ги постават во Вашингтон.

Претходна вестМлад скопјанец тешко повреден на „Стража“
Следна вестНедостигаат онколози и патолози, најавен мораториум за други специјализации