Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.
Денес остварив средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На средбата ги потврдивме добрите билатерални односи и ја истакнав мојата заложба за економска, политичка соработка и водење на политика на добри и интензивни односи. Посочив дека добра основа за соработка се образованието, културата, транспортот, науката и да ги искористиме потенцијалите кои стојат на располагање од интензивираното пријателство, напиша Мицкоски на ФБ.