Мицкоски најавува: Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат во една агенција

Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е планот на новата Влада за разузнавачките служби.

– Да, точно, планот и тоа е дел од Програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да се спојат и да се фузионираат во една агенција и тоа можам да кажам дека ќе биде процес кој што ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно во Парламентот, изјави Мицкоски.

Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји – членки на НАТО. Меѓу нив, како што појасни Мицкоски, во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа Република Хрватска на почетокот од овој милениум.

-Тоа е дел од Програмата на Владата и тоа ќе го направиме во месеците кои што следат, рече премиерот кој беше во Бутел на ставање на камен темелник на нова градинка.

Претходна вест„Лајка“ алармира: Од вкупно 10 скопски општини во 2022 година средства ни исплатиле само три
Следна вестМицкоски: Ако изразувањето незадоволство на ДУИ е на штета на унитарниот карактер, тогаш ние како Влада ќе мора да го заштитиме