Мицкоски од Брисел: Испративме порака дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа никаков договор под бугарски диктат

Нашата порака е јасна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор кој што ќе биде под бугарски диктат. Тоа е основната и суштинската порака која што овде во Брисел ја пренесовме и ќе продолжиме да ја пренесуваме, а која што се темели на нашите факти и аргументи, изјави денеска Христијан Мицкоски, лидер на најголема опозициска партија. Тој ја предводи партиската делегација која во Брисел има повеќе средби со претставници на ЕУ и на Европската Народна партија, семејство во кое што е член и ВМРО-ДПМНЕ.

Воизјавата по денешните средби тој рече дека главната цел е да ги презентираат своите позиции, аргументи и ставови поврзани со проблемот кој што го создаде владата на ДУИ подржана од СДСМ.

-Она кое што најмногу зачудува, а кое што го слушнав овде во Брисел од соговорниците е дека нашите членови на македонската влада кои што кога доаѓаат во де во Брисел, ние мислиме работат за државата, а тие покрај тоа што го уживаат комфорт на своите функции, единствената работа и цел им е да ја кодошат опозицијата овде во Брисел и да барат од луѓето од Брисел да вршеле притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, да прифати договор кој што ниту го преговарала, ниту учествувала во него, а предупредила дека нема намера да го прифати. Тоа е единствената работа која што официјалните лица на владата на ДУИ подржана од СДСМ го прави овде, ја кодошат опозицијата и уживаат во привилегиите кои што им ги носат функциите, рече тој.

Мицкоски додаде дека втората работа која ја пренесуваат на состаноците е дека се потребни парламентарни избори.

-Избори во Македонија час поскоро за да може притисокот кој што се чувствува во општеството поради оваа неспособна влада, која што е полна со криминал и корупција да биде ослободен. На дневно ниво ние сведочиме за коруптивни скандали кои што неколку фамилии кои што управуваат со овие две партии ги нижат во Македонија и дополнително го разочаруваат народот. Затоа се потребни избори за да дојде една легитимна влада која што е избрана од народот, а не поставена како оваа влада на Ковачевски. Тоа е многу важно да може да го удриме во корен она кое што денеска претставува навистина една епидемија во македонското општество, а тоа е високото ниво на криминал и корупција. Да повторам уште еднаш, првата порака е дека нема прифаќање на бугарски диктат и втората порака е дека избори поскоро за да можеме да имаме легитимна влада која што ќе биде предводник на еден реформски процес.

Претходна вестКако албанските мафијаши го претворија Еквадор од „безбедна зона“ во зона на убивање
Следна вестДамјан Давков ја направи Македонија единствена земја која има златен медал со максимален број на поени на Балканската математичка олимпијада