Мицкоски: Од ДУИ и СДСМ знаат дека ќе владеаат уште неколку месеци и се обидуваат се да испокрадат

Македонија само за месец март се соочува со инфлација од 14 проценти, во еврозоната истата е два пати помала, изјави денеска Христијан Мицкоски. Според него владата на ДУИ и СДСМ знае дека за неколку месеци си заминува па затоа се обидува да ги испокраде граѓаните и да избега од правдата, но како што рече тој тие нема да можат да се сокријат.

– Ако е увезена инфлацијата тогаш се поставува прашањето зошто еврозоната има два пати помала инфлација од Македонија. Во март е повеќе од 14 проценти инфлацијата во Македонија, а пак во еврозоната е два пати помала. Не е тоа. Проблемот е затоа што ем не ги бидува, ем не знаат, ем многу крадат. Знаат дека доаѓа денот, за неколку месеци од денеска заминуваат и мислат дека сега ќе испокрадат и ќе избегаат потоа од државата и правдата нема да ги стигне. Но јас ве уверувам дека нема каде да се скријат. На крај на свет ќе ги најдеме и ќе ги донесеме овде, но и со куферите да ги вратат парите на народот што ги украле, истакна Мицкоски.

Мицкоски на крајот истакна дека тој гарантира дека тоа ќе се случи.

Претходна вестДве жени се степале во казино во Зрновци
Следна вестАпсења во Скопје, поради дрога уапсени неколку лица на различни локации