Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските дома во државата, информираше премиерот Христијан Мицкоск. Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата.

–Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри.

Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени во реконструкција на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“.

Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите, изјави премиерот.

Во двата студентски дома, како што посочи е почната реконструкцијата, се изведуваат електрични инсталации и тој очекува во следниот период да биде завршена.

Претходна вестПартија за движење на Турците: „Балансерот“ беше злоупотребуван, Владата треба да се насочи кон пронаоѓање нов модел
Следна вестДо крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието