Mицкоски поканет на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски е еден од ретките европски лидери кои добиле покана за присуство на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД.

Мицкоски на 20 јануари ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите Трамп медиа и Рампл.

Најавено е дека за време на престојот во Вашингтон, македонскиот премиер ќе се сретне со Хауард Лутник, копретседавач на тимот за транзиција на претседателот Доналд Трамп и министер за трговија, Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација и со извршниот директор на Рамбл, Крис Павловски. Можни се и средби со Ричард Гренел, пратеник за специјални мисии на претседателот на САД, со државниот секретар Марко Рубио и со Илон Маск, кој е назначен за шеф на Министерството за владина ефикасност.

Претходна вестНад 66,5 милиони евра остварен приход по основ на наплата на патарини
Следна вестНајдени три женски тела во автомобилот кој излета на патот Рашче – Сарај