Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот живот во борбата за слободна Македонија на планината Петлец во близина на Русиново, денес се одбележува 118 годишнината од неговото погибие.
На маршот учествува и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во чест на војводата на селските гробишта најпрвин беше одржана панихида, а потоа положено цвеќе пред неговиот споменик, по што присутните се упатија кон месноста Петлец, местото на загинувањето на војводата Груев.
Организатор на настанот е Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Берово.