Мицкоски: Повторно добивам закани, државата не ми дозволува обезбедување

Последните два дена повторно имам закани по мене и моето семејство, изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Во интервју за српската телевизија „Прва“ тој рече дека деновиве е цел на закани кон него и неговото семејство, а државата не му дозволува обезбедување.

– Заканите траат веќе четири години, но тоа кулминираше пред година дена. Јас сум единствен човек во Македонија, кој има најмногу рејтинг и кој ја води најголемата политичка партија, а на кој државата не му дозволува обезбедување. И сето тоа е намерно, за да може да се случи, тоа што требаше да се случи пред некој ден. Но не исклучувам можност, бидејќи последните два дена повторно имам закани по мене и моето семејство. Но, јас им реков јас сум спремен да го завршам свој живот, дали вие сте спремни да го повлечете чкрапалото, порача Мицкоски.

Пред три дена, по инцидентот кај споменикот на Скендербег, каде едно лице пукаѓше во воздих со пиштол при нападот врз колона на граѓани кои протестираа против францускиот предлог, Мицкоски изјави дека имало обид за негово убиство. Тој тогаш на Фејсбук објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.

– Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата.

Претходна вестМаж од кочанско загина по удар од трактор
Следна вестНа Халкидики голема потрага по двајца млади Македонци кои исчезнале во морето по роденденската забава