Мицкоски: Преговарачката рамка со ЕУ може да се промени, подготвени сме за дијалог со Бугарија

Преговарачката рамка со Европската Унија може да биде адаптирана, изјави синоќа премиерот Христијан Мицкоски во телевизиската емисија „Анализа“ на ТВ24, нагласувајќи дека доколку ЕУ сака да го види напредокот на Македонија кон членството, постојат реални можности за тоа. Тој исто така спомена дека за секоја промена ќе бидат потребни цврсти гаранции дека нема да се поставуваат нови билатерални барања од страна на Бугарија преку посредство на Европската комисија.

-Ако постои искрена волја, тогаш сè е возможно, рече Мицкоски.

Премиерот образложи дека со стабилна политичка состојба во Бугарија, тој е подготвен да разговара за неколку конструктивни предлози кои би овозможиле напредок во пристапните преговори со ЕУ.

-Имаме разработено неколку опции кои ќе ги предложам за дискусија во момент кога во Бугарија ќе се формира влада со стабилно мнозинство, изјави тој.

Мицкоски потенцираше дека досегашниот пристап кон преговарачкиот процес не резултираше со очекуваните резултати, што според него укажува на потребата од нова стратегија и повлекување од грешките.

-Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со новата влада во Бугарија. Да разговараме за се, за можните ризици. Неприфатливи се изјавите дека уште ова треба да направите и готово. Ние направиме многу за европските вредности, а добивме нула, рече Мицкоски.

Претходна вестШилегов пред седум години ветуваше железнички прстен околу Скопје, ќе го реализира ли сега Николоски?
Следна вестМакедонија е трета во Европа по смртност од оружје