Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го промени својот став за уставните измени и повтори дека уште поодамна ја предупредувал власта да не презема обврски пред меѓународниот фактор кои не може да ги испорача.
Од СДСМ и денеска го обвинија Мицкоскии дека како што велат ги излажал граѓаните кога пред извеснов реме велел дека до крајот на февруари ќе има ново парламентарно мнозинство и затоа сметаат дека тој е политичар на кого не може да му се верува.
На овие обвинувња на СДСМ , Мицкоски одговори дека власта прави дефокус на јавноста и дека тој никогаш не рекол дека сигурно ќе се оди на предвремени парламтерни избори, туку дека постојат пратеници на СДСМ кои се незадоволни од односнот на раководството на владата и сакаат да гласаат поинаку од што смета партијата.