Странски државјанин е најден повреден на железничка станица во Гевгелија, информира полицијата.
МВР соопшти дека завчера околу 06 часот полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица на Железничката станица Гевгелија пронашле повредено едно лице мигрант од Мароко, со повреди од струен удар, со кои се здобил на вагон на железничката станица.
Се работи на расчистување на случајот.