Милановиќ во присуство на Османи: Косово оставено само на себе, ја загуби поддршката од сојузниците

Исчезна поддршката за Косово, констатира хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, на денот кога де одбележува годишнина од биткат на хрватсктие војници против османлиската војска, каде гостинка му е косовската претседателка Вјоса Османи. Милановиќ рече дека ја викнал неа, оти тоа според него е признание за пријателството помеѓу двете земји.

Милановиќ за Османи рече дека таа е лидер на „пријателска земја, која имаше слична, но не иста судбина како Хрватите“.

По тој повод Милановиќ се присети и на текот на војната во СФРЈ.

– Имавме тежок почеток, нè бранеа неколку добри луѓе и на почетокот немавме помош. Сите тие сојузници и пријатели седеа со скрстени раце. Косово започна поинаку, со многу поддршка која во меѓувреме беше изгубена и исчезна, изјави хрватскиот претседател, пренесува Косово онлајн.

Тој потоа објасни зошто верува дека ситуацијата за Косово толку многу се сменила.

Сега се оставени сами на себе, пет членки на ЕУ и НАТО не ги признаа, затоа Османи е денеска овде како моја гостинка и затоа ова е заедно со нашите прослави и нашите денови на гордост и слава. Во исто време е и почит и признание за нашата пријателска земја, рече Милановиќ.

Претходна вестАнгеловска-Бежоска − Агелер: Народната банка придонесува за стабилноста на економијата
Следна вестДиректорот на БЈБ Јанев најави: Со дронови ќе се ловат подметнувачите на пожари