Милевски од ЛДП: Не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика

ЛДП како владин коалиционен партнер го крева гласот по локалните избори. Всушност оваа партија заедно со ДОМ излезе на изборите не останувајќи во коалиција со СДСМ од централната власт. Сега, кога се видоа резултатите лидерот на ова партија Горан Милевски, прокоментира:

-Некој кога ќе сака да земе се, може на крајот да остане без ништо и тоа е пораката која што граѓаните ја испорачаа на овие избори, нагласи тој во „Утрински Брифинг“.

Милевски посочи дека е дојдено време кога треба гласот на ЛДП да се слуша повеќе.

-Од Владата ЛДП беше доведувана пред свршен чин. Но тоа веќе е завршена работа. Нас не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика, истакна Милевски.

Според него треба да се трансформира СДСМ, а сака да се трансформира и Владата.

-Имаме уште 2,5 години. Ако ова парламантрано мнозинство има искрени намери да ги промениме работите, тогаш граѓаните тоа ќе го видат, но ако продолжиме на овој начин, дури и порано ќе има промена на Владата, посочи тој.

Претходна вестКого Заев ќе го послуша за оставката – гласачите или ДУИ?
Следна вестСе редат функционери од ДУИ со објаснувања дека не требаат предвремени избори