Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го објави списокот на играчи повикани за претстојните пријателски натпревари со Хрватска и Чешка. Милевски повика 27 фудбалери за овие два натпревари, но на списокот нема некое изненадување или нов фудбалер
На списокот на Милевски се наоѓаат:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Игор Алексовски, Дејан Илиев.
Одбрана: Висар Муслиу, Тодор Тодоровски, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димовски, Ахмед Иљазовски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски.
Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Агон Елези, Тихомир Костадинов, Давор Здравковски, Елиф Елмас, Исник Алими, Димитар Митровски.
Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили.
Натпреварот со Хрватска ќе се игра во Риека на 3 јуни, со Чешка на 10 јуни во Храдец Кралове.
Првиот собир на фудбалерите е закажан за 27 мај во Скопје.