Суфицитот на тековната сметка на Русија нагло се зголеми, поддржувајќи ја националната валута, бидејќи извозот на енергија закрепна и покрај притисокот од западните санкции, објави централната банка на земјата. Тековната сметка, која ја мери разликата помеѓу парите што влегуваат во земја преку трговија, инвестиции и трансфери наспроти одливи, изнесува 53,8 милијарди долари во првите десет месеци од оваа година, покажаа податоците на регулаторот, пренесува Политика.
– Неодамнешните податоци покажуваат дека Русија продолжува да има корист од високите приходи од извозот на стоки. Очекуваме дека Русија ќе оствари уште 20 милијарди долари суфицит на тековната сметка во преостанатите два месеци од 2023 година, со што вкупниот надворешен биланс ќе достигне околу 75 милијарди долари, предвидува рускиот економист Алекс Исаков. Москва го пренасочи најголемиот дел од трговските текови на исток откако западните санкции во голема мера ги нарушија синџирите на снабдување на европските пазари, рече тој.
Приходите на Москва од продажбата на нафта и гас се искачија на највисокото ниво за една и пол година, достигнувајќи 17,7 милијарди долари минатиот месец и покрај прогнозите за огромен дефицит.