Милиони луѓе на Куба останаа без електрична енергија кога денеска повторно падна националната електрична мрежа, соопшти Министерството за енергетика и рударство.
Прекинот на струја е голем проблем на островот, каде што жителите веќе се соочуваат со недостиг од храна, гориво, вода и лекови, пренесува Ројтерс.
Министерството за енергетика и рударство на земјата соопшти дека електраната Антонио Гитерас, најголемиот производител на електрична енергија во земјата, во Матанзас, престанала да работи околу 2 часот по полноќ по локално време, што предизвикало колапс на мрежата низ островот.