Полицијата поднесе кривична пријава против две лица поради тешка кражба во РЕК Битола.
Од МВР информираат дека кражбата се случила пред два месеца, а осомничени се 26 и 63-годишник од Битола.
– На 18 март пријавените ја скинале оградата на главниот транспортен систем во РЕК Битола и одзеле предмети во вредност од 1.268.068 денари, велат од МВР.