Миљана Рељиќ седма на најновата Олимписка ранг листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милјана Рељиќ е рангирана како седма на најновата Олимписка ранг листа.

Како што вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов сега почнува процесот на собирање поени за Олимписка А норма за следните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.

-За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси, изјави Ефтимов.

Рељиќ во овој момент важи за најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување „А“ норма. Таа на последни таа во Париз ја победи Британката Џејд Џонс, меѓутоа во следната рунда беше елиминирана.

Претходна вестЗКЛМ: „Флајтрадар 24“ не е релевантен за давање точна позиција во реално време и не треба да се користи за извлекување заклучоци
Следна вестДве постари лица во Скопје измамени со наводни сообраќајки на нивни блиски