Досегашниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ поднесува оставка на местото претседател на Демократска партија на социјалистите. Oдлуката е донесена на вчерашната седница на претседателството на партијата, а официјално треба да биде соопштена на денешната седница на главниот одбор, дознава телевизијата „Ал Џезира“ од нејзин извор во партијата.
Вршител на должноста претседател на ДПС ќе биде Даниел Живковиќ, шеф на пратеничката група на партијата во црно-горското собрание.
Веста за оставката на Ѓукановиќ следи три дена по неговиот пораз од Јаков Милатовиќ на претседателските избори.