Милошоски, Митрески и Бендевска се новите потпретседатели на Собранието

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги утврди предлозите Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ да бидат нови потпретседатели на Собранието.

На дневен ред се утврдување Предлог – одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, Разгледување на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешни пратеници, како и барање за плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители.

 

Претходна вестГодишна завршна изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“
Следна вестЛани секој трет новоизграден стан во Скопје бил во општина Центар