Минатата недела има помалку заразени, а повеќе оздравени – помалку се тестирани, а и изолацијата е скратена

Во текот на минатата недела односно во периодот од 31 јануари до 6 февруари, во земјава се регистрирани вкупно 9.982 случаи позитивни на ковид-19, што е за 16,2 отсто помалку во однос на неделата претходно, кога имаше 11.910 позтивни случаи, соопштуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Како што соопштуваат од ИЈЗ во својот неделен извештај, минатата недела направени се вкупно 3. 421 тестирања за ковид-19, со намалување од 13,2 отсто во однос на минатата недела, а регистрирани се и вкупно 1.340 реинфекции, што е намалување за 14 отсто во однос на претходната недела.

Позитивни случаи на ковид се регистрирани во 35 градови во земјава, најголем дел од заразените, односно повеќе од 50 отсто се од Скопје. Највисоката неделна инциденца, пак, е регистрирана во Кавадарци.

Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, а најзастапени се лица на возраст од над 60 години. Најмал број на ковид позитивни, пак, е регистриран кај возрасната група од нула до девет години.

Како што наведуваат од ИЈЗ, согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале вкупно 11.122 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, што е за 0,7 проценти помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од починатите се од Скопје. Во однос на возраста, најголем број од починатите се во возрасна група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај останатите возрасни групи.

 

Претходна вестКомисијата препорача: Потврдата за прележан ковид да важи 180 дена, вакцинација со трета доза, маските во школите остануваат
Следна вестКовид-сертификатите нема да се укинат, вакцинацијата е слаба