Минатата недела поевтинија за 1,5 денар, оваа недела горивата поскапуваат

Од полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За половина денар поскапува Еуросупер БС-95, а за еден денар Еуросупер БС-98 и дизелот.

Според тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 71 денар за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 73 денари за литар. Дизелот ќе се продава по цена од 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денар/литар и новата цена ќе биде 62,5 денари за литар, а на мазутот за 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден/кг.

Со најновата одлука се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 денари во однос на минатонеделната одлука.

Минатата недела, цените на горивата поевтинија од половина до 1,5 денари за литар.

Претходна вестХронологија на нашата независност и патоказот на Мисирков
Следна вестЦаровска: Нема муабет за смена за моделот или одложување на учебната година