За 58 проценти бил зголемен број на смртни случаи во Македонија од корона вирусот во периодот од 12 до 18 октомври во споредбата со неделата пред неа, покажува анализата на Институтот за јавно здравје.
-Пријавени се 49 смртни случаи од 16 градови, зголемување од 58,1 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, 9 лица на возраст од 50-59 години и 2 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица, се наведува во редовната неделна анализа.
Инаку, во тој период регистрирани се 2.676 нови позитивни случаи од 34 градови во државата што е зголемување од 19,3 проценти во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 1.375 лица, односно, 51,4 отсто. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 20,3 процент.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39, нив 559, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години – 522; 20-29 (470), над 60 (469 и 50-59 (443. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (79) и 10-19 години (134). Од вкупниот број на нови случаи, 470 (35,9 отсто) имаат контакт со потврден случај.