Минчев: Во плановите за вработување во јавниот сектор ќе биде вклучен само бројот на резидентното население во државата

Во пресметката на балансерот како дел од годишните планови за вработување во јавниот сектор, ќе биде вклучено само бројот на резидентното население во државата, најави денеска изјави на денешната конференција за медиумите министерот Горан Минчев. На прес-конференцијата тој рече дека Министерството за јавна администрација го продолжува процесот на усогласување и одобрување на годишните планови за вработување на институциите во јавниот сектор. Тоа ќе се прави согласно извршените промени во дигиталната алатка балансер во однос на процентите, а во корелација со податоците од последниот спроведен попис на населението на територијата на Македонија во 2021 година.

-Измената на процентите на балансер алатката исклучиво се направени согласно Законот за вработените во јавниот сектор кои претходно не бил испочитуван. Тоа значи дека во пресметката на балансерот како дел од годишните планови за вработување во јавниот сектор, ќе биде вклучено само бројот на резидентното население во државата, а нерезидентно население е исклучено од  пресметката на балансерот“, рече Минчев и додаде дека во Министерството за јавна администрација се пристигнати околу 120 годишни планови за вработување на институциите од јавниот сектор.

Минчев додаде дека од нив само пет се со позитивно мислење, додека останатите се вратени со укажување и забелешки по кои институциите треба да постапат.

-На институциите им се вратени на доработка годишните планови со цел да ги усогласат со  коригираните податоци во ново вграденото решение во балансерот, согласно резидентното население на територијата на Република Северна Македонија, каде што разликата во процентите согласно последниот спроведен попис на територијата на Република Северна Македонија се: Македонци од 54,21 отсто на 58,44, Албанци од 29,52 проценти на 24,30 отсто, Турци од 3,98 проценти на 3,86 отсто, Роми од 2,34 проценти, на 2,53 отсто, Срби од 1,18 проценти на 1,30 отсто, Власи од 0,44  проценти на 0,47 отсто, и Бошњаци од 0,87 отсто на 0,87 проценти, изјави Минчев.

Претходна вестДурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни
Следна вестОдложено судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски