Минималната синдикална кошничка поскапе за 772 денари, за ноември изнесува 62.021 денари

Вредноста на минималната синдикална кошничка за ноември изнесува 62.021 денари, а во споредба со вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври е зголемена за 772 денари, објави Сојузот на синдикатите.

Истовремено, синдикалната минимална кошница со изнајмен стан од 60 квадрати за ноември изнесува 77.396 денари.

Најголем дел од износот отпаѓа на храна и пијалаци – 22.678 денари. Трошоците за образование изнесуваат 7.036 денари, по што следуваат трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење која изнесува нешто над 6.000 денари.

За облека и обувки, според новата структура на минималната кошничка се одвоени 5.659 денари, а по ова следуваат и трошоците за транспорт од 4.727 денари и 4.458 денари за рекреација и култура.

По ова, следуваат и трошоците за ресторани и хотели – 3.890 денари, комуникации – 3.417 денари, лична хигиена и оддржување хигиена во домот – 1.900 денари, здравје – 1.135 денари и 1.100 денари за останати услуги и стоки.

Претходна вестМицкоски: Уште вчера и се јавив на Шекеринска , чест е Македонка да биде заменик Ген-Сек на НАТО
Следна вестГлоба од 4.000 за Детската клиника, 1.200 за директорот, нема дежурен доктор во амбуланта, прегледи вршат специјализанти…