Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), се намалуваат за 0,50 ден/лит, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика. Од ноќеска на полноќ малопродлажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе изнесува 81,50 ден/лит додека.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво од 81,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит и ќе изнесува 81,00 ден/лит, а на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,883 ден/кг, односно, ќе биде 46,291 ден/кг.