Министерка Шукова за „Иловица“: Лично сум против нови рудници во државава, утре ќе бидам на протестот во Струмица

Лично противење на изградбата на рудникот „Иловица“ искажа денеска министерката за животна средина Каја Шукова. Таа најави дека ќе присуствува на утрешниот протест против овој рудник закажан во струмица, а во организација на Иницијативата „Здрава котлина“. Граѓаните се решија да протестираат откако Владата ги споила концесиите за експлоатација на минерална суровина, руди на бакар и злато на локалитет во „Иловица“.

-Точно е дека Владата донесе одлука за спојување на концесиите. Тие две концесии веќе беа издадени, со ова  немаше спојување на концесискиот отпад. Јас ја разбирам загриженоста на граѓаните. Ако можам денеска да го изразам мојот личен став, јас сум исто така против нови рудници во државата. Сметам дека особено тој земјоделски крај, кадешто треба да се развива земјоделието и каде државата ги поддржува земјоделците, мислам дека тоа треба да ни биде приоритет, тоа е мој личен став. Јас ќе се придружам утре, ќе бидам во Струмица. Сакам да ги слушнам граѓаните и сакаме да бидеме дел од овој процес. Тешка загадувачка индустрија е и мислам дека треба сите вклучително и Владата да бидеме многу внимателни со овој процес, рече Шукова по денешната конференција за промоција на новиот Национален катастар за подземни води.

Таа доаде дека Владата, во координација со премиерот и со другите министри повторно ќе ја разгледа одлуката за спојување на двете концесии. Шукова додаде дека во мала држава земјоделието треба да е приоритет, а дека во Министерството за животна средина не е пристигнато барање за отпочнување на постапка за оценка на влијание врз животна средина

-Јас сметам дека особено тој е земјоделски крај каде што треба да се развива земјоделието. Државата тоа интензивно го прави и во изминатите години и ги поддржува земјоделците. Знаете сите дека имаме сто отсто успешна спроведена ИПАРД помош во државата и веќе почнуваме со третиот циклус. Мислам дека тоа треба да ни биде приоритет. Тоа е мојот личен став, изјави Шукова.

Претходна вестСкопјанец украл електричен тротинет, при претрес му пронашле и пушка
Следна вестЗатвореник од Кичево го подметнал пожарот во битолскиот затвор, доби пријава