Министерот Филипче чека донација од Кина на 60 возила за итна медицинска помош

Верувам дека возилата за итна медицинска помош со кои располага државата заедно со уште една најавена донација од три возила ќе биде доволна за да се надмине проблемот додека не пристигне големата донација од Кина од 60 возила, изјави денеска минстерот за здравство Венко Филипче.

Тој објасни дека во земјава сега се чека голема помош од Кина која беше најавена за 2020 година, но беше одложена поради Ковид.

-Тоа се 60 возила за итна медицинска помош и токму тоа беше причината зошто ние го запревме процесот на набавка на вакви возила во 2018 и 2019 година кога набавивме 20 возила, изјави Филипче.

Филипче посочи дека со есенскиот бран, голем е притисокот и врз службите за итна медицинска помош.

Претходна вестНов случај на корона вирус, во стручниот штаб кај ракометарите
Следна вестГодишнина од легендарниот триумф: Кога Реал „падна“ пред МЗТ Скопје…