Министерот Горан Минчев се сретна со претставниците од синдикалните организации

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со претседателот Трпе Деаноски и членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и со претседателот Благоја Ралповски и членови на Конфедерацијата на слободните синдикати на Македонија (КСС).

На средбата се разговараше за предизвиците и моментната состојба на вработените во јавната администрација.

Министерот Минчев уште еднаш ја потврди заедничката цел дека јавната администрација останува меѓу главните приоритети на новото Министерство за јавна администрација и дека целосно се посветени на градењето партнерски однос со сите засегнати страни и отворени сме за соработка со синдикатите со цел постигнување функционален социјален дијалог.

Претставниците на Синдикатот побараа да се повлечат законот за вработени во јавен сектор и законот за административни службеници од собраниска процедура бидејќи имаат суштински забелешки, како што се враќање на мерит-системот, наградување, уредување на платите со колективни договори и покачување на платите во јавната администрација и обезбедување подобри услови за вработените во јавната администрација.

Во таа насока, министерот Минчев изрази подготвеност за одржување на социјалниот дијалог и информира дека како министерство се посветени на поддршката на институциите, синдикатите и сите инволвирани страни за да се обезбеди подобрување на стандардите за вработените во јавниот сектор.

Претходна вестОпштина Карпош ја промовира услугата за посебен превоз на стари лица и лица со попреченост
Следна вестХеликоптерот на МВР исфрли 48 тони вода врз пожарот на планината Серта