Министерство за здравство: Донацијата од 13.000 брзи тестови ќе се користи по болниците

Брзите тестови од донацијата од 13.000 парчиња која од денеска почна да пристигнува ќе бидат бесплатни за граѓаните, а ќе се користат по болниците, соопшти денеска Министерството за здравство.

Денеска во Министерството за здравство пристигна првите 3.000 тестови, а остатакот до 13.000 ќе биде испорачан до среда. Со овие тестови за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19.

-Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат како би се утврдило дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19. Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Галф оил Македонија, изјавија од Министерството за здравство.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица не се откажуваат, бараат формирање посебна комисија за пандемијата
Следна вестДолжник сакал да пука во доверителот и неговиот адвокат, се бореле на подот