Министре, батериите ли се криви за бегството на Груби, прашуваат од СДСМ

Дали министерот за внатрешни работи Тошковкси конечно ќе преземе одговорност за катастрофалното функционирање на МВР и бегството на Груби? Последните информации за бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, каде што „батериите“ на камерите не работеле токму кога тој ја напуштал границата предизвика потсмев од граѓаните. До кога министерот ќе ја замајува јавноста и кога планира да признае дека ова е договорено бегство, прашуваат од СДСМ.

-Како што објави Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од граничниот премин „Блаце“ не ги почитувале процедурите, иако за Груби постоело јасно известување „задржи и веднаш извести“. Наместо тоа, тие не го провериле системот, дозволиле возилото да помине без соодветна контрола и не ги регистрирале патниците како што налага законот. Притоа, во критичниот момент камерите „случајно“ не функционирале, истакнуваат во соопштението.

СДСМ најави дека денес ќе објави сериозни индиции за вмешаност на МВР и Тошковски во целото бегство и нови „случајности“ кои ќе отоворат сомнеж за вмешаноста на МВР во целата работа.

СДСМ, додаваат од оваа партија, ќе продолжи да инсистира на транспарентност, одговорност и функционални институции кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните.

Претходна вестАлкалоид рутински со Тиквеш, Вардар сигурен во скопската пресметка
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Заложбите за европски вредности на СДС и ДУИ паднаа во вода, наместо да молчат да го осудат кукавичкото бегство на Груби и да го повикаат да се соочи со правдата