Одличниот фудбалер, македонски репрезентативец Бојан Миовски, викендов ќе го има дебито во дресот на шпанскиот клуб Џирона. Клубот од Каталонија го регистрираше напаѓачот за чии трансфер од Абердин издвои 8.500.000 евра.
Миовски ќе го носи бројот 19 на дресот.
Весникот „Ас“, пишува дека Миовски веројатно во недела ќе биде стартер во дербито на колото против Атлетико Мадрид. Според овој извор, Миовски против Атлетико ќе добие „квалитетна минутажа“.
Македонскиот фудбалер во тимот на Џирона дојде како замена за Артем Довбик кој се пресели во Рома.