Македонската ракометна легенда, Филип Миркуловски и во иднина ќе биде дел од германскиот прволигаш Вецлар.
Миркуловски од 2015 година е во овој клуб, клуб во кој прво беше активен како играч, а по завршувањето на кариерата остана во истиот со нова улога како асистент, а на некои натпревари беше и прв тренер.
Со новиот договор тој ќе остане меѓу зелено-белите до 30 јуни 2025 година и ќе му биде десна рака на тренерот Франк Карстенс кој исто има договор до истиот период.
-Можете да видите дека се чувствувам удобно во Вецлар со фактот дека сум во клубот скоро девет години. Одлично е да се работи со Франк, се разбираме. Јас се фокусирам повеќе на нашиот напад, се чувствувам многу удобно во оваа улога. И задоволен сум што ја подобривме нашата напаѓачка игра малку по малку оваа сезона, -порача популарниот Жути.